Top Sport

Гундоган даде два гола за победа, но не доби медал за титулата од ФА купот

Илкај Гундоган беше клучниот човек за вториот трофеј на Манчестер сити оваа сезона, постигнувајќи два гола за 2:1 победа над Манчестер јунајтед во финалето на ФА купот, но во засрамувачка ситуација за англиската Фудбалска асоцијација (ФА) не доби медал, заедно со неговиот соиграч Кевин де Брујне.

32-годишниот Германец остана без медал откако на ФА им „снемало“ медали за доделување, откако ги поделиле медалите на другите играчи на клубот, вклучувајќи ги тие кои беа на клупата. Голманот Едерсон, кој не играше на мечот поради повреда му го даде својот медл на Де Брујне, но Гундоган, за кого се шпекулира дека ќе замине во Барселона, славеше без медал.

Scroll to Top