Top Sport

Гундоган: Го издржавме притисокот, а имавме и среќа кога ни беше потребна

Капитенот на Манчестер Сити, Илкај Гундоган, изјави дека финалниот натпревар од Лигата на шампионите против Интер беше израмнет, а неговиот тим испиша историја победувајќи во најелитното клупско натпреварување.

Фудбалерите на Манчестер Сити за првпат во клупската историја го освоија трофејот во Лигата на шампионите, откако во финалето во Истанбул го победија Интер со 1:0 со голот на Родри.

„Натпреварот веројатно беше 50-50. Имавме среќа што преовлада на наша страна. Знаевме дека сите зборуваат за тројната круна. Бевме под притисок, но овој тим е изграден да се справи со притисокот на најдобар начин“, изјави Гундоган кој прв го крена пехарот носејќи ја капитенската лента.

Манчестер Сити ја освои тројната круна оваа сезона бидејќи ја одбрани титулата во Премиерлигата и го освои ФА Купот. Со тоа стана вториот англиски клуб со таков успех по Манчестер Јунајтед во 1999 година.

 

Scroll to Top