Поранешниот германски репрезентативец Илкај Гундоган (34) го напушти Манчестер сити, ќе ја продолжи кариерата во Галатасарај, објавија клубовите.
Гундоган потпиша двегодишен договор со Галатасарај, ќе заработува 4,5 милиони евра по сезона, откако го носеше дресот на „Граѓаните“ вкупно осум години во два наврати.
Германскиот играч од средниот ред играше за Сити од 2016 до 2023 година, а потоа и минатата сезона. Вкупно, тој одигра 358 натпревари во сите натпреварувања и постигна 65 голови. Во меѓувреме, го носеше дресот на Барселона една сезона, а во текот на кариерата играше и за Борусија Дортмунд, Нирнберг и Бохум.
„Манчестер Сити секогаш ќе има посебно место во моето срце. Уживавме во толку многу успеси во нашето заедничко време и имаше толку многу незаборавни моменти“, рече Гундоган, кој освои 14 титули во дресот на Сити, вклучувајќи ја и тројната круна во 2023 година. Тој одигра 82 натпревари за германската репрезентација и постигна 19 голови, а се збогува со дресот на „вилеџиите“ во август минатата година.
Фото/ Принтскрин