Top Sport

Гундоган: Сити не се голем клуб, требаше да ги „растуриме“ Тотенхем

Германскиот фудбалер од средниот ред на Манчестер сити, Илкај Гундоган беше изнервиран што неговиот тим не успеа да обезбеди позитивен резултат во првиот четвртфинален меч од ЛШ против Тотенхем, велејќи дека не може да се сметаат за „голем тим“.

Тотенхем вчера стигна до 1:0 победа на новиот стадион со голот на Хеунг-Мин Сон, откако претходно Серхио Агуеро утна пенал во првото полувреме. Со овој резултат, Сити ги имаат загубено сите пет европски мечеви против англиски противници, откако лани загубија од Ливерпул.

„Не бевме доволно храбри и направивме премногу лесни грешки. Имам чувство дека сме нервозни во важните мечеви од ЛШ. Секогаш правиме погрешни одлуки. Секогаш сакаме да направиме нешто посебно бидејќи целта е полуфинале на ЛШ. Да го дадевме голот од пенал, требаше да ги растуриме Тотенхем. Такви работи не треба да се случуваат на големи тимови. Затоа уште не сме таков“, вели Гундоган во изјава за „Билд“.

Реваншот е на 17 април во Манчестер.

Scroll to Top