Top Sport

Милан повторно под лупата на УЕФА за финансискиот фер-плеј

Милан повторно ќе мора да се објаснуваат пред Телото за финансиска контрола (ЦФЦБ) на УЕФА околу наводни нови прекршувања на финансискиот фер-плеј (ФФП), во уште еден удар за поранешниот европски шампион.

Милан добија суспензија од настапите во Лига Европа оваа сезона поради ФФП, пред оваа казна да биде тргната од Судот за арбитража во спортот (ЦАС), но во декември добија закана за исфрлање од европските натпреварувања во 2022/23 и 2023/24 доколку не ги исполнат барањата за „чисти“ сметки до јуни 2021 година.

УЕФА денеска потврди дека ЦФЦБ ќе разгледува нов случај на финансиите на италијанскиот клуб, кој наводно не го почитувал протоколот на ФФП во последните три години. Овој случај не е поврзан со тој од декември.

Милан оваа сезона испаднаа во натпреварите по групи во Лига Европа по поразот од Олимпијакос во последниот меч. Во Серија А, пак, тимот на Џенаро Гатузо е четврти со 32 поени зад Јувентус и четири зад локалните ривали Интер.

Scroll to Top