Top Sport

Гундоган: Стерлинг може да стане најдобриот на светот

Рахим Стерлинг може да стане најдобриот фудбалер на светот, смета неговиот колега од тимот на Манчестер сити, Илкај Гундоган.

Англискиот репрезентативец е во одлична форма на стартот на сезоната, со 17 гола и 11 асистенции за Сити и за репрезентацијата, и откако постигна хет-трик во Лигата на шампионите, постигна гол и против Астон вила во саботата. Гундоган вели дека неговиот соиграч станува подобар со секој меч.

„Тој е меѓу петте најдобри напаѓачи на светот, тоа е сигурно. Сега веќе не се работи за прашање на постојаност, и тој во последните 12 или 18 месеци покажа дека може да биде и подобар. Ако продолжи вака, никој нема да може да го допре. Во моментов за него нема граници и за нас тој станува клучен фудбалер“, вели германскиот репрезентативец.

Scroll to Top