Top Sport

Мбапе и Тухел со влошени односи, Реал ја следи ситуацијата

Килијан Мбапе и Томас Тухел работат заедно 15 месеци во Пари Сен-Жермен, но во ниту еден момент нивните односи не успеале да се „кренат“ од ниското ниво, тврди францускиот весник „Ле паризиен“, што дава надеж на Реал Мадрид дека ќе можат да го убедат феноменалниот 20-годишен напаѓач во Шпанија во 2020 година.

Откако постигна хет-трик против Клуб Бриж во Лигата на шампионите во вторникот, Мбапе прати јасна порака на својот тренер.

„Сакав да покажам колку тешко се игра без мене“, изјави Мбапе, еден ден откако Тухел изјави дека би „мразел да мора да игра без Мбапе“.

Во Париз, очигледно за главен фудбалер на тимот уште го сметаат Нејмар и покрај тоа што тој се обиде да замине за Барселона во текот на летото, и оваа ситуација го фрустрира младиот Французин, кој во мај оваа година изјави дека сака да има „поголема одговорност, во Париз или на друго место“.

Scroll to Top