Top Sport

Гушкањето на фудбалерите станува најголем проблем во Премиер лигата?

Премиер лигата планира итни состаноци со капитените и менаџерите на клубовите за да се разговара за новите протоколи за заштита од КОВИД-19, бидејќи постои стравување дека британската влада може да интервенира доколку фудбалерите продолжат да се гушкаат при прославите, тврдат британските медиуми.

Според нив, Премиер лигата веќе минатата недела им соопштила на клубовите дека фудбалерите треба да се воздржат од гушкање при прославите, но и ракување со противничките фудбалери, но тоа не помогнало, а менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола јавно порача дека ќе биде тешко да се убедат фудбалерите да не слават.

Scroll to Top