Top Sport

Гути: Мбапе најдобар на светот? Секако, не, што има постигнато во кариерата?

„Горчината“ кај навивачите на Реал Мадрид по одлуката на Килијан Мбапе да остане во Пари Сен-Жермен очигледно уште постои, откако легендата на кралскиот клуб, Хозе Марија Гутиерез, попознат како Гути влезе во остар напад на 23-годишниот Французин.

45-годишниот Гути, кој имаше над 500 настапи за „кралевите“, не смета дека Мбапе е најдобриот фудбалер на светот, велејќи дека не постигнал ништо во кариерата.

„Тој е најдобриот на светот? Тоа треба да го докаже. Сега, секако, не е. Колку долго е во Париз? Колку титули од Лигата на шампионите имаат? Колку ‘Златни топки’ освои? Да, тој е познат и изгледа дека е најдобриот на светот, но не е така. Тој е фудбалер со најмногу внимание околу него, а не е најдобриот“, вели Гути при гостувањето на „Ел Чирингито“.

Scroll to Top