Top Sport

Компани си замина од Андерлехт, ќе го преземе Барнли?

Поранешниот капитен на Манчестер сити, Винсен Компани се повлече од позицијата тренер на неговиот клуб од детството, Андерлехт, зголемувајќи ги шпекулациите дека ќе биде промовиран во нов менаџер на Барнли, англискиот клуб кој по пет години испадна од Премиерлигата.

„Клубот и тренерот ја анализираа сезоната и направија планови за иднината, потврдувајќи дека се разделуваат со взаемна согласност. Одлуката беше направена со голем респект за постигнатото. Клубот му посакува на Винсен Компани среќа во тренерската кариера. Тој беше и останува икона на клубот и за него секогаш има дом во РСЦ Андерлехт“, потврдија од белгискиот клуб.

Scroll to Top