Top Sport

Хонда бесплатно би играл за Манчестер Јунајтед

Кеисуке Хонда е поранешен репрезентативец на Јапонија, има 33 години и богата кариера зад себе. Јапонецот сакал да си го исполни детскиот сон, поради што преку „Твитер“ им се понудил на Манчестер Јунајтед и за далеку помала плата.

„Дајте ми понуда. Не ми требаат пари, само сакам да играм во голем клуб и со овие играчи“, напишал Хонда.

Хонда во кариерата играл на четири континенти за Нагоја, Венло, ЦСКА Москва, Милан, Пачука и Мелбурн.

Интересно иако се уште е активен фудбалер успеал да биде и селектор на Камбоџа.

Scroll to Top