Top Sport

Гвардиол е првиот што постигнал гол за и против Сити во ЛШ

Во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, Реал Мадрид и Манчестер сити ремизираа 3:3.

Еден од стрелците за Сити беше Јошко Гвардиол. Тоа беше негов прв гол во 33. натпревар за „граѓаните“, откако летово дојде од Лајпциг.

Минатата сезона, во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, Гвардиол постигна гол против Манчестер сити како играч на Лајпциг во 70. минута од натпреварот во Германија, кој заврши нерешено 1:1.

Гвардиол е првиот фубалер во историјата кој постигнал гол за Сити и против него во елитно европско натпреварување.

Интересен е податокот дека Гвардиол досега има постигнато вкупно три гола во Лигата на шампионите, од кои два против Реал и еден против Сити.

Scroll to Top