Манчестер сити, во трилер завршница, остана без триумф над Челзи, во дербито на 20-то коло. „Граѓаните“ водеа до 94-та минута, кога Енцо Фернандез, некако успеа да ја смести топката во голот на Донарума.
Сити, не успеа да победи, но она што повеќе го загрижува Пеп Гвардиола се повредите на клучните дефанзивци.
Јошко Гвардиол се повреди на почетокот од второто полувреме, мораше да го напушти теренот во 51-та минута од натпреварот, откако лежеше на теренот некое време со болна гримаса на лицето.
Сити натпреварот го завршија и без Рубен Диаш, тој исто така го напушти натпреварот поради повреда во 81-та минута.
Гвардиола коментираше за состојбата на повредениот дуо по натпреварот. Тој рече дека „Гвардиол не изгледа добро“, додавајќи дека сè уште не разговарал со медицинската служба и дека повеќе информации за состојбата на повредените ќе бидат познати во текот на денот.
Потоа ја даде својата проценка за сериозноста на нивните повреди. „Мислам дека ќе биде надвор од теренот неколку недели“, рече тој.
Foto/ depositphotos
