Top Sport

Гвардиол останува прва цел на Манчестер сити

Пеп Гвардиола планира во текот на летниот преоден рок да го засили Манчестер сити со двајца Хрвати. Откако речиси сигурен е трансферот на Матео Ковачиќ од Челси, според експертот за трансфери, Фабрицио Романо, останува огромен интерес за дефанзивецот на РБ Лајпциг, Јошко Гвардиол.

Околу Гвардиол и потенцијалниот трансфер во Премиерлигата се шпекулираше и минатото лето, но сега Сити се подготвени да направат конкретна понуда. Самиот фудбалер сака да се пресели на „Етихад“, но РБ Лајпциг ќе сакаат да го направат младиот Хрват најскап дефанзивец во историјата.

Scroll to Top