Top Sport

Салернитана го сакаат Пирло ако Соуса замине во Наполи

Агентот на Пауло Соуса не ги демантираше италијанските медиуми дека е прв кандидат за испразнетото место на клупата на Наполи, а неговата Саленритана ќе се обидат да го заменат со Андреа Пирло.

Лучано Спалети реши да си замине од Неапол откако им ја донесе првата титула по 33 години, и во последните недели, претседателот на клубот Аурелио де Лаурентис бара нов тренер, со Португалецот Соуса како прв кандидат откако успеа да обезбеди опстанок со Салернитана.

Според „Спортиталија“, прва цел на Салернитана е поранешниот тренер на Јувентус, Пирло, кој неодамна си замина од турскиот Фатих Карагумрук, но ово игра се и Џенаро Гатузо и Винченцо Монтела.

Scroll to Top