Top Sport

Гвардиола: Арсенал досега беа подобри од нас

Пеп Гвардиола вели дека е пресреќен со стартот на сезоната на Манчестер сити, но ги предупреди сопствените играчи дека уште се зад лидерите Арсенал, кои биле подобри од нов досега.

Со пристигнувањето на Ерлинг Халанд и неговите неверојатни 19 гола во 12 настапи, многумина сметаат дека актуелните шампиони од Премиерлигата се незапирливи оваа сезона, но и покрај тоа што само двапати одиграа нерешено во Премиерлигата и Лигата на шаампиони, Гвардиола вели дека уште не се исто толку добри како Арсенал на неговиот поранешен помошник, Микел Артета.

„Секоја година сме малку подобри во одреден сегмент, но поминаа само осум меча во Премиерлигата. Најважно е што во Премиерлигата и во Лиаата на шампионите сме во добра позиција – ни треба една победа за осминафинале во ЛШ и мораме да се бориме со Борусија Дортмунд за првото место. Во Премиерлигата не смееме да заборавиме дека има еден тим подобар од нас. Тоа е реалноста. Арсенал досега беа подобри од нас. Ние не сме на првото место, но сме подготвени за борба“, вели Гвардиола.

Scroll to Top