Top Sport

Суарез: Не сум го видел Меси да плаче толку!

Луис Суарез открива дека неговото заминување од Барселона толку го „повредило“ Лионел Меси, што Аргентинецот не престанал да плаче по контроверзната одлука на тогашниот тренер, Роналд Куман.

Уругвајскиот напаѓач беше „вишок“ на „Ноу Камп“ во 2020 и покрај тоа што постигна 198 гола за Блауграна во 283 меча, откако Куман го прати на саамстојни тренинзи во обид да го убеди да си замине. По ова, тој имаше фантастична сезона со Атлетико Мадрид, додека Меси направи скандал во Барселона со славното барање за трансфер, кое на крајот не му беше одобрено.

„Болеше и страдавме многу. Дојдовме од елиминацијата во Лигата на шампиони од Баерн Минхен и факсот на Лео, и сите работи беа компликувани и тешки. Прво, поради начинот на кој се одвиваа работите, но и поради начинот на кој се однесуваа со нас. Се појавив на тренинг и ме пратија да тренирам сам. Доаѓав дома и плачев. Тоа беше исто така порака да го оставам Лео сам, да не одвојат. Лео исто така страдаше многу. Никогаш не сум го видел да плаче така како што плачеше тогаш. Тоа го повреди. Јас, пак, бев среќен во Атлетико Мадрид“, вели Суарез за „ЕСПН“.

Меси на крајот си замина од „Ноу Камп“ во 2021, кога клубот не беше способен да му понуди нов договор и сега блеска во втората сезона со Пари Сен-Жермен, додека Луис Суарез е во својата татковина со Насионал по две сезони со Атлетико.

Scroll to Top