Top Sport

Гвардиола: Артета ќе ме наследи на клупата на Сити!

Менаџерот на англискиот шампион Манчестер Сити, шпанскиот стручњан Пеп Гвардиола изјави дека Микел Артета е одличен тренер и верува дека ќе го наследи на клупата на „граѓаните“.

Артета зад себе има богата играчка кариера, а пред почетокот на сезонава се поврзуваше со тренерската позиција во Арсенал, но сепак остана да биде поддршка за Гвардиола во новите предизвици за Сити.

„Сигурен сум дека ќе ме наследи на клупата и ќе има многу успеси. Порано или подоцна, Артета самостојно ќе го води клубот. Иако е многу млад, тој е многу искусен во водењето голема екипа и може да се носи со големите играчи. Поседува неверојатна работна етика и има посебен талент за анализа и пронаоѓање на решенија“ – вели Гвардиола.

Scroll to Top