Top Sport

Соиграчите му украле саат од 70.000 евра на најскапиот напаѓач на Ница

Голем скандал го тресе фудбалскиот клуб Ница во Франција.

Данскиот талентиран фудбалски напаѓач, Каспер Долберг (21) за кого клубот од Азурниот брег плати рекордни 20.5 милиони евра се пожалил до Управата на клубот дека од соблекувалната му бил украден часовник вреден 70.000 евра.

Но тоа не е крај на маките на тренерот Патрик Виера. Данецот испратил порака дека „не мисли да се појавува во клубот се додека целата ситуација не се разјасни“.

Долберг до сега има одиграно само еден меч за Ница, а по се изгледа така и ќе остане, се додека не се реши ситуацијата во која обвинети се соиграчите.

Scroll to Top