Top Sport

Гвардиола: Баерн Минхен, а не Сити се најдобриот клуб на светот

Пеп Гвардиола смета дека европските и светски шампиони Баерн Минхен се најдобриот клуб на светот и покрај тоа што неговите Манчестер сити имаат 20 победи едноподруго.

Ова го тврдеше менаџерот на Вест хем, Дејвид Мојс, по 2:1 поразот од Сити на „Етихад“ во саботата, кога Сити поставија рекордни 20 победи во низа, но Гвардиола смета дека Ливерпул, како актуелни шампион се најдобри во Европа, додека Баерн се најдобри на светот.

„Најдобар тим во Европа и во светот се Баерн Минхен, бидејќи освоија се што можеше. Тие се најдобри. Во Англија, шампионите се Ливерпул бидејќи се најдобри. Ако сакате да ја земета таа круна, тогаш треба да ја освоите. Во март никој не е шампион. Мора да играме добро, но и да признаеме дека последните неколку месеци беа одлични за нас“, вели Гвардиола.

Баерн во моментов се носители на шест титули – Бундеслига, Лига на шампиони, Светско клупско првенство, УЕФА Суперкуп, ДФБ куп и Германски суперкуп. Барселона, тогаш под водство на Гвардиола, беше единствен клуб кој имаше шест титули во исто време во 2009 година (Ла Лига, Копа дел реј, Суперкопа Еспања, ЛШ, УЕФА Суперкуп и Светско клупско првенство).

Scroll to Top