Top Sport

Гвардиола: Барселона? Таа приказна е завршена

Пеп Гвардиола импресивната тренерска кариера ја започна во Барселона. Најпрвин како тренер на Б тимот, а потоа го презеде првиот тим. Три години неговата Барселона доминираше во Европа.

Гвардиола ја напушти Барселона во 2012 година, се пресели во Баерн, а потоа во Манчестер сити.

Изминатите години често го прашуваа дали некогаш ќе се врати на „Ноу Камп“.

„Таа приказна е завршена. Засекогаш е ставен крај. Беше прекрасно, но заврши и нема да се случи повторно“, рече Гвардиола.

Исто така, покрај враќањето во Барселона, искусниот Шпанец зборуваше и за Ламин Јамал и споредбите на младата ѕвезда со Лионел Меси.

„Треба да го оставиме Ламин Јамал да си го гради својот пат и само кога ќе игра 15 години тогаш ќе можеме да кажеме дали е подобар од Меси или не“, рече Гвардиола и дополни.

„Фактот дека веќе го споредуваат со Меси е голема работа. Но, тоа е како да споредувате сликар кој штотуку почнува со Ван Гог.“

Foto/ EPA

Scroll to Top