Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола со драматична изјава во негов стил ги предупредил своите фудбалери дека на високо ниво треба да го играат секој натпревар.
„Граѓаните“ во саботата го добија дуелот со Астон Вола со головите постигнати во второто полувреме (3:0). Гвардиола не бил задоволен од изданието на неговите фудбалери во првото полувреме.
„Не сум загрижен од состојбата на табелата. Повеќе ме загрижува начинот на играта…Доколку го повториме изданието од второто полувреме против Астон Вила тогаш можеме да се надеваме дека на крајот од сезоната ќе бидеме на позицијата што ја сакаме. Доколку играме како во првото полувреме тогаш ќе се бориме за опстанок или ќе испаднеме од лигата. Мораме на високо ниво да биде 90 минути“, рекол Гвардиола.
Манчестер сити во наредниот период ќе играат во Лига купот против Саутемптон, а потоа со истиот противник ќе се соочат и во Премиер лигата.