Top Sport

Икарди: Нема клуб како ПСЖ

Мауро Икарди по победата на Пари Сен Жермен над Олимпик Марсеј (4:0) рекол дека ПСЖ е најдобриот клуб во кој што играл.

Икарди во финишот на преодниот рок пристигна во Париз како позајмен играл од Интер. По завршувањето на сезоната ПСЖ ќе можат да го откупат неговиот договор за 70 милиони евра. Во големото француско дерби тој постигна два гола.

„Задоволен сум од головите и секако од победата. Сум играл во големи клубови, но ПСЖ е најдобар од сите. Овде се чувствувам одлично“, рекол Икарди.

Аргентинецот одиграл шест натпревари во првенството и постигнал пет гола.

Scroll to Top