Top Sport

Гвардиола дал дозвола за контроверзната забава со 22 манекенки

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола открива дека дал дозвола неговите фудбалери да имаат забава со 22 италијански манакенки по минатонеделната 6:1 победа на гости кај Астон вила.

На Гвардиола не му пречела забавата која предизвика многу контроверзи во англиските таблоиди, откако во „Мир“ преноќувалиштето во Чешајр биле донесени 22 Инстаграм манекенки од Италија на „сесија за зближување на тимот“.

„Знаев за тоа. Кога ќе имаат време, тие често излегуваат заедно, така што нема проблем. Го направија тоа и претходно, некогаш дома, некогаш во ресторан. Тоа е убаво“, вели Гвардиола.

Сити во сабота играат со Кристал палас во обид да стигнат до 10. победа во последните 11 меча по поразот од Манчестер јунајтед минатиот месец.

Фудбалерите на Сити победата од 6:1 ја прославиле со 22 италијански манекенки?

Scroll to Top