Top Sport

Гвардиола демантира дека има клаузула за заминување од Сити

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола вели дека не е точно дека во неговиот договор со англискиот шампион има клаузула со која може да замине од клубот следното лето.

48-годишниот Каталонец освои две титули од Премиер лигата со Сити од 2016 година, а договорот му истекува во 2021 година. Лани неговиот тим ја освои англиската тројна титула (Премиер лига, ФА куп, Лига куп), но сега тие заостануваат огромни 14 поени зад Ливерпул.

„Не е вистина дека постои таква клаузула. Зборував пред неколку недели за моите амбиции со клубот и кажав дека сакам да продолжам да живеам и работам во Манчестер“, вели Гвардиола.

Сити се трети во Премиер лигата со четири порази во 16 меча, ист број на порази кои ги имаа целата мината сезона и два повеќе од поразите во 2017/18. Гвардиола исто така најави дека во јануари нема да има трошење на пари за засилувања.

„Фудбалерите кои ја стартуваа сезоната ќе ја завршат. Ќе видиме потоа летово што ќе се случи“, вели Гвардиола.

Гвардиола би можел да ги напушти Манчестер сити

Scroll to Top