Top Sport

Ферари со затворена врата за Ферстапен: Не можеш да го навредуваш тимот и да сакаш да бидеш во него

На вечерата за одбележувањето на крајот на Ф1 сезоната на Ферари, шефовите Матија Биното и Луис Камилери признаа дека Себастијан Фетел можеби завршил со тимот по 2020 година, зголемувајќи ги шпекулациите дека Луис Хамилтон ќе добие шанса да вози за италијанскиот тим.

Ако тоа е неизвесно, тогаш Макс Ферстапен сигурно нема шанси да заврши во „коњчето“ по неговите изјави во текот на сезоната, тоа е јасно.

Биното ги отфрли шпекулациите дека Фернандо Алонсо може да направи кам-бек, бидејќи тој веќе не е „во плановите“, додека за Ферстапен, Камилери беше јасен откако Холанѓанецот ги обвини Ферари дека мамеле со моторите за 2019.

„Такви изјави обично не те носат далеку. Макс има 22 години, не е тинејџер, и зошто би му давале кредибилетет ние кога сме Ферари? Понекогаш тишината е погласна од зборовите. Возач кој ќе го обвини Ферари за мамење, не може да размислува да биде со нас. Матија кажа дека инспекторите на ФИА беа секаде, а неговите зборови предизвикаа проблеми во тимот“, изјави Камилери.

Ферари лошо поминаа во САД: Ферстапен: Така е кога ќе престанете да мамите

Scroll to Top