Top Sport

Гвардиола демантира: Никогаш не сум го побарал Меси во Манчестер сити

Манчестер сити, но и Баерн никогаш не направиле понуда за Лионел Меси додека Пеп Гвардиола бил тренер на двата клуба, вели Каталонецот по извештајот на весникот „Ел мундо депортиво“ дека Сити нуделе „богатство“ за потписот на Аргентинецот.

Меси беше во блескава форма додека Гвардиола беше тренер на Барселона, освојувајќи заедно три титули од Ла лига, две од Лигата на шампиони и три „златни топки“. Гвардиола вели дека шпекулациите дека Сити биле подготвени да платат 250 милиони евра во октомври 2017 година едноставно не се вистинити.

„Кога си заминав од Барселона и отидов во Баерн Минхен и Манчестер сити, во ниту еден момент не побарав Меси да дојде со мене. Во двата клуба не го побарав Меси. Знам колку тој е важен за Барселона  и илјада пати сум кажал дека сакам да остане таму. Тоа е тоа“, изјави Гвардиола.

Меси потпиша нов договор со Барселона во ноември 2017 година, со кој излезната клаузула на неговиот договор се крена на неверојатни 700 милиони евра.

Манчестер сити нуделе богатство, Меси ја одбил понудата

Scroll to Top