Top Sport

Хери Мегвајр (за жал) нема да биде на банкнотата од 50 фунти

Народната банка на Англија ја отфрли петицијата со која се бараше дефанзивецот на Лестер сити и на англиската репрезентација, Хери Мегвајр да се најде на новата банкнота на 50 фунти, и тоа со фотографија со која е на еднорог.

Петицијата за Мегвајр собра 42.000 потписи, но тоа не наиде на добар прием кај британската влада, која реши сегашната банкнота на која се Метју Бултон и Џејмс Ват, клучните луѓе во изумувањето на парната машина да бида заменети со „познати научници“.

Предлогот со Мегвајр

„Има многу личности чија работа го формираше начинот на кој се гледа кон светот и кои ги инспирираат луѓето“, изјави гувернерот Марк Карни.

Според „Би-би-си“ најголем фаворит за појавување на банкнотата е покојниот професор Стивен Хокинг, иако има главна конкуренција во Алан Тјуринг и Ада Лавлејс.

Сегашната банкнота од 50 фунти
Scroll to Top