Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, рекол дека е задоволен од минималната победа над Атлетико Мадрид, во првиот четврт-финален натпревар во Лигата на шампионите. Сити ги победија „јорганџиите“ со голот на Кевин Де Брујне.
„Многу сум задоволен од резултатот. Игравме против врвен тим, беше неверојатно тешко, успеавме да забележиме добар резултат. Имавме шанси да постигнеме уште некој гол“, рекол Гвардиола и дополнил.
„Момците одиграа добро, знаевме дека Габриел и Фил имаат посебна енергија, а Џек Грилиш квалитет да ја задржи топката. Да, тренерот денес беше многу паметен. Видовте дека не е лесно кога против себе имата екипа со толку големо искуство во Лигата на шампионите. Сега одиме во Мадрид да постигнеме гол и да се обидеме повторно да победиме“.