Поранешниот англиски репрезентативец, а сега угледен фудбалски аналитичар Џејми Реднап нема дилема кога е во прашање дискусијата кој е најдобриот фудбалски тренер на сите времиња.
„Пеп Гвардиола е ГОАТ меѓу тренерите. Во суштина, во денешно време сите играат фудбал на начинот на Пеп, сите ги започнуваат акциите од последната линија. Мислевме дека тоа е невозможно“, изјави Џејми Реднап.
Во однос на бројот на титули во Англија, Сер Алекс Фергусон е неприкосновен, многумина на Островот ја истакнуваат и големината на Бил Шенкли, но поранешниот играч на Ливерпул, Тотенхем, Бурнмаут и Саутемптон нагласува дека само Гвардиола го променил фудбалот.
„Пеп беше национален шампион 11 пати во 14 години (Шпанија, Германија, Англија) и освои вкупно 48 големи трофеи. Можете да зборувате за Сер Алекс Фергусон или Бил Шенкли, но Пеп засекогаш го промени фудбалот“, нагласува Џејми Реднап.