Манчестер сити од наредната сезона ќе биде посилен за Хулијан Алварез. Аргетинецот го засили нападот на „граѓаните“, меѓутоа тој е инвестиција за во иднина, Пеп Гвардиола би сакал нападот на неговиот тим да го предводи Хари Кејн.
Манчестер сити оваа сезона нема класична „деветка“. И покрај тоа тимот на Гвардиола е лидер во Премиер лигата.
Менаџерот на Сити е свесен дека му е потребен врвен напаѓач. Има само една желба, тоа е Хари Кејн.
Новинарот, Фабрицио Романо, тврди дека Тотенхем од минатото лето досега одбиле четири понуди од Сити.
„Во Сити се вљубени во Кејн. Пеп Гвардиола го обожува, опседнат е со него. Го сака само него“, рекол Романо.
Според новинарот, за Гвардиола не постои друга опција и покрај тоа што со неговиот клуб се поврзуваат Ерлинг Халанд и Роберт Левандовски. Романо тврди дека Сити во летниот преоден рок се подготвени да платат 150.000.000 евра за капитенот на Тотенхем.