Top Sport

Ѓоковиќ ќе ја брани титулата на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ ќе може да настапи на турнирите во Франција, мастерсот во Монте Карло и гренд слемот во Париз. Владата на Франција, објави дека од 14.март, ќе ги унине ковид-пасошите.

Ѓоковиќ не е вакциниран, поради што неговиот настап на овие турнири беше под знак прашалник.

Монте Карло се игра од 9. до 17.април, а Ролан Гарос, каде Ѓоковиќ е актуелен шампион
ќе започне на 22.мај.

Како сега стојат работите и Вилблдон ќе биде отворен за сите тенисери, бидејќи и Велика Британија планира да ги укине епидемиолошките мерки.

Засега е сигурно дека Ѓоковиќ нема да може да игра на територијата на САД. Во оваа земја им е забранет влезот на лицата кои не се вакцинирани.

Тоа значи Ѓоковиќ нема да игра на мастерс турнирите во Индијан Велс и Мајами.

Scroll to Top