Пеп Гвардиола вели дека неговата репутација за времето во Манчестер сити ќе биде прекрасниот фудбал кој го играл неговиот тим, а не по бројот на трофеи.
Каталонецот повторно одговараше на прашањата околу титулите во Лигата на шампиони пред вториот меч од полуфиналето против Реал Мадрид. Сити се на чекор од петта титула од Премиерлига во седум години под Гвардиола и играат во финалето на ФА купот против Манчестер јунајтед.
„Мојата репутација веќе е исклучителна. Според тоа што имавме пеколен фудбал тука оваа година. И фановите ќе се сеќаваат дека сме дале многу голови, сме примиле малку и сме освоиле многу трофеи. Во последните години си поминавме одлично. Ова е како добра кинга. Можеби луѓето во Европа не го забележале тоа, но добро се забавувавме. Тоа е репутацијата“, вели Гвардиола.
И покрај доминацијата на Сити во англискиот фудбал, Лигата на шампиони засега останува недофатлива. Тие загубија во финалето во 2021 од Челси, а лани испаднаа од Реал Мадрид во полуфиналето. Претходните сезони пак, загубија од Монао, Лион и Тотенхем.