Top Sport

Гвардиола е воодушевен од Ливерпул

Пеп Гвардиола во пресрет на вечерашниот дуел на Манчестер сити и Лестер, упати низа комплименти за единствениот конкурент за титулата во Премиер лигата, Ливерпул.

Сити и Ливерпул изминатите месеци водат „мртва трка“ за шампионската титула. Тимот на Гвардиола не се откажува од намерата да ја одбрани круната, додека Клоп се обидува да му донесе титулата на Ливерпул по пауза од три децении.

„Во тренерската кариера сум играл против многу сјајни тимови, но само за два тима што сум ги гледал сум рекол ‘вау!’. Барселона на Луис Енрике со Меси, Нејмар и Суарез и овој Ливерпул. Тоа се двете најдобри екипи против кои сум играл во кариерата“, рекол Гвардиола, а потоа уште еднаш го пофалил колегата Јирген Клоп.

„Додека гледав како Ливерпул одлично игра на „Ноу Камп“ против Барселона, во првиот полу-финален меч во Лигата на шампионите, си реков ‘вау и ние сме на ова ниво!’ Ливерпул во Барселона прикажа неверојатна игра“, заклучил Гвардиола.

Scroll to Top