Top Sport

„Ова лице не сакате да го сретнете во темна уличка“ (Видео)

Ракометарите на Вардар успешно ја минаа последната пречка што им стоеше на патот кон завршниот турнир во Келн. Иако беа поразени од Пик Сегед во реваншот со 29:25, вардарци успеаја да го минат унгарскиот првак благодарение на победата со осум гола разлика во Скопје.

Реваншот беше исклучително тежок за играчите на Вардар. Унгарците во првото полувреме ја анулираа негативата од Скопје (17:9), а патникот во Келн го реши серијата од 6:0 која играчите на Вардар ја направија во периодот од 42 до 50 минута.

Еден од хероите на Вардар беше Стојанче Стоилов, кој капитенски го остави „срцето на терен“. Стоилов во второто полувреме, демонстрирајќи врвна техника, им направи големи проблеми на дефанзивците на Пик Сегед.

Колку многу Стоилов и целиот тим го посакуваа пласманот на завршниот турнир најдобро го покажува емотивната прослава на голот што го постигна капитенот на почетокот на вториот дел за 19:13.

Реакцијата на Стоилов и коментарот на Том О’Бранаган (официјален коментатор на ЕХФ) се хит на социјалните мрежи.

„Видете го ова лице! Не сакате да го сретнете во темна уличка!“, рекол О’Бранаган.

Scroll to Top