Top Sport

Гвардиола ги демантираше медиумските шпекулации

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ги демантира медиумите и воедно ги израдува навивачите на својот клуб. Шпанецот изјави дека Кевин де Брујне нема да го напушти клубот.

„Не, Кевин нема да замине“, потенцира Гвардиола за еден од најдобрите играчи во историјата на „граѓаните“.

Белгиецот има уште една година од договорот со Сити, а уште пред ЕП почнаа шпекулациите за негово заминување во Саудиска Арабија.

Иако има 33 години и има хронични проблеми со повредите, Де Брујне минатата сезона беше клучен играч и за Сити со 18 асистенции и шест гола на 26 натпревари.

На првата прес-конференција пред новата сезона, Гвардиола истакна дека малку го следел ЕУРО 2024 и дека според него Шпанија била најдобрата екипа.

Тој е задоволен од формата на своите играчи за кои вели дека се свежи и психички и физички.

Scroll to Top