Top Sport

Гвардиола ги отпиша Манчестер јунајтед од борбата за титулата

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, издвоил пет екипи кои според него ќе се борат за титулата во Премиер лигата. Гвардиола смета дека градскиот ривал Манчестер јунајтед нема шанси да се вмеша во борбата за шампионскиот трофеј.

Актуелните шампиони на Англија се наоѓаат на челната позиција на табелата со 23 бода, колку што има и Ливерпул. Манчестер сити, утре, во дербито ќе му гостува на Тотенхем.

„Пет екипи ќе ја водат трката за титулата, сигурен сум во тоа. Само два бода е разликата меѓу пет-шест екипи“, рекол Гвардиола без да ги наброи тимовите што според него се фаворити за титулата. Иако не кажал јасно е дека тој ги отпишал градските ривали, Манчестер јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ имаат десет бода помалку од лидерската двојка.

Scroll to Top