Пеп Гвардиола вели дека „можеби“ згрешил кога изјавил дека Садио Мане „обожава да симулира фаули“ и призна дека херојските враќања на ривалите од Ливерпул во финишот на мечевите е поради умешност, а не поради среќа.
Гвардиола во текот на викендот изјави дека Мане е „исклучителен талент“, кој има навика да паѓа кога е потребно, по што реагираше и менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, кој му врати на Гвардиола дека тој не зборува за котнроверзните „тактички фаули“ на Сити. Пред дербито овој викенд, Гвардиола сакаше да ја намали тензијата.
„Мојот син и мојата ќерка секогаш кога Ливерпул ќе победи во последнтие минути велат дека тие имаат среќа. Јас им велам не, тоа е умешност. Тоа што го прават последните две сезони е поради тоа што имаат квалитет да се борат до крај. Понекогаш во 94. минута како против Лестер има пенал и сакав да го коментирам тоа, а не дали Садио Мане е таков фудбалер. Дури и со тоа, судијата и ВАР велеа дека е пенал. Можеби згрешив што мислев дека тоа не е пенал“, вели Гвардиола.
Гвардиола пред дербито со Ливерпул: „Специјалниот“ Мане обожава да паѓа