Манчестер сити дале нова понуда од 90 милиони евра плус бонуси за дефанзивецот на РБ Лајпциг, Јошко Гвардиол, откако хрватскиот репрезентативец веќе ги договорил личните услови со англискиот шампион.
Пеп Гвардиола и Сити подолго време се поврзуваат со Гвардиол, со посакувана цена од 100 милиони евра, но според „Скај Спорт Германија“, овојпат доаѓа првата сериозна понуда која ќе го предизвика германскиот клуб. Гвардиол има отпусна клаузула која се активира следното лето за 110 милиони евра, но Сити сакаат да ја завршат работата во овој летен преоден рок.
Сити исто така се блиску до договор со Челси за сонародникот на Гвардиол, Матео Ковачиќ, а се шпекулира дека се заинтересирани и за Ашраф Хакими од Пари Сен-Жермен.