Top Sport

(Фото) Навивач на Лутон го исполни ветувањето кон својот покоен татко со огромна тетоважа

Страствен навивач на новиот премиерлигаш, Лутон, го исполнил ветувањето кон својот покоен татко по влегувањето во Премиерлигата со огромна тетоважа на неговата глава.

37-годшниот Мики Хајд бил на трибините кога Лутон ги совлада Ковентри на пенали со 6:5 за првпат во својата историја а влезат во Премиерлигата, што значеше дека мора да го исполни ветувањето дадено 20 години претходно.

„Имав 16 години и со мојот татко седевме во паб гледајќи го Лутон во 2002. Му кажав дека кога ќе влезат во Премиерлигата ќе направам голема тетоважа на грбот на главата. ‘Не верувам дека тоа ќе се случи додека сум жив’, одговори тој. Тој почина 10 години подоцна на само 49 години и оттогаш само одиме напред. Знаев дека ќе се случи тоа и оваа тетоважа е за него“, вели Хајд во интервју за локалните медиуми.

Scroll to Top