Top Sport

Гвардиола го избра помошникот – човекот кој го „измисли“ 4-2-3-1 системот

Пеп Гвардиола, по сè изгледа, конечно најде замена за Микел Артета како негов помошник, откако британските медиуми тврдат дека неговиот стар ментор Хуанма Лилјо доаѓа на „Етихад“.

Шпанецот Лилјо, кој бил тренер на Реал Сосиедад, Севилја и чилеанската репрезентација, кратко му беше тренер на Гвардиола во мексиканскиот клуб Дорадос Синалоа во 2006 година, каде што го играше сега омилениот 4-2-3-1 систем на Гвардиола. Двајцата првпат се сретнаа во 1990-тите кога и двајцата имаа огромна почит на системот на игра кој го измисли нивниот херој, Јохан Кројф.

54-годишниот Лилјо досега беше главен тренер на кинескиот Кингдао Хуангхаи, а Гвардиола честопати го нарекуваше тренерот „маестро“.

Малку повеќе за тактиката на Гвардиола и инспирацијата од Кројф можете да прочитате подолу.

Јохан Кројф и финалето од 1992 – моментот кој го смени модерниот фудбал (видео)

Scroll to Top