Top Sport

Гвардиола го критикуваше играчот кој на 35 натпревари постигна 34 гола

Манчестер сити и Лајпциг вечерва во Манчестер го играат реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите. Првиот натпревар заврши 1:1. Стрелец на голот за Сити беше Ријад Марез, а за Лајпциг Јошко Гвардиол.

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола на прес-конференцијата во пресрет на реваншот ги изненади медиумите со изјавата дека не е целосно задоволен од настапот на норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд.

Халанд постигна дури 34 гола на 35 натпревари оваа сезона, но Каталонецот верува дека може повеќе.

„Важно е да знаете дека не ми се допаѓа кога играчите само постигнуваат голови од шеснаесетникот. Да, тоа е важно и ние сакаме Ерлинг да го направи тоа, но кога е далеку од противничкиот гол, сакаме тој да биде активен. Мора да учествува во играта. Подобрен е, но може тој уште подобро“, изјави Гвардиола.

Scroll to Top