Top Sport

Гвардиола го купува Жоао Феликс во Манчестер Сити

Англискиот првак Манчестер Сити, откако го ангажираше Ерлинг Халанд, планира да направи уште еден голем трансфер ова лето за да го засили нападот. „Граѓаните“ сакаат да го доведат напаѓачот на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс, тврди „Си-Ен-Ен Португалија“.

На менаџерот Пеп Гвардиола многу му се допаѓаат квалитетите на 22-годишниот Португалец и е подготвен да работи со него. Тој е изберан да ги замени Габриел Жесус и Рахим Стерлинг, кои се очекува да го напуштат „Етихад“ до крајот на преодниот рок.

Габриел Жесус е на прагот на трансфер во Арсенал, додека Стерлинг има понуда од Челси.

Атлетико Мадрид е подготвен да преговара за продажба на Жоао Феликс, но ќе се согласи само доколку добие понуда во опсег од 80 милиони евра. Манчестер Сити очекува клубот да добие и повеќе пари од продажбата на двајцата споменати офанзивци.

Scroll to Top