Top Sport

Гвардиола го носи Хрватот Палаверса од Хајдук за 7 милиони фунти!

Манчестер сити се договорија за трансфер на хрватскиот тинејџер Анте Палаверса од Хајдук за 7 милиони фунти, добивајќи еден од најталентираните млади фудбалери од средниот ред.

Пеп Гвардиола и Сити го следеа капитенот на хрватската репрезентација до 19 години подолго време и во следните неколку дена ќе го официјализираат трансферот, јавува „Гардијан“, кој додава дека тој најверојатно ќе остане уште една сезона во Хајдук бидејќи има само 18 години.

Палаверса требаше да биде „столб“ на изградбата на новиот Хајдук, откако минатото лето влезе во првиот тим. Многумина ја споредуваат неговата игра со таа на Тони Крос од Реал Мадрид, а во Сити би бил потенцијална замена на 33-годишниот Фернандињо.

Scroll to Top