Top Sport

Реал загуби од Леганес, но за среќа имаше голема предност во првиот меч (видео)

Променливите резултати на европскиот шампион Реал Мадрид продолжуваат, откако „кралскиот клуб“ загуби на гостувањето во предградието на шпанската престолнина од Леганес со 1:0, но сепак, се пласираше во осминафиналето на Кралскиот куп поради предноста од 3:0 од првиот натпревар.

По една невидена мешаница пред голот на гостите, во која Леганес имаше и удар во дирекот, Данецот Мартин Брајтвајт се најде на вистинското место и го совлада немоќниот Кејлор Навас.

Со ослабен тим, Сантијаго Солари му даде шанса на Иско (иако го повлече во 69. минута), но сепак, во составот на Реал беа имиња како Лукас, Касемиро, Винисиус Жуниор. Поразот е во основа неважен, но сигурно нема да ја зголеми самодовербата кај навивачите на „Лос бланкос“.

Претходно, Севилја загуби дома од Атлетик Билбао со 0:1, но тимот од Андалузија оди понатаму бидејќи во првиот меч на гости победи со 3:1.

Фото: ЕПА

Scroll to Top