Манчестер сити го договориле првото засилување за летниот преоден рок. По завршувањето на сезоната на „Итихад“ ќе пристигне 24 годишниот Португалец Бруно Фернандеш.
Капитенот на Спортинг Лисабон зад себе има одлична сезона, на 49 натпревари постигнал 28 гола и забележал 16 асистенции. Неколку врвни европски тимови се интересираа за него, а неговиот потпис го обезбеди Манчестер сити.
Весникот „А Бола“ пишува дека Спортинг од трансферот ќе заработат 50 милиони евра.
Фернандеш во кариерата играч во Новара, Удинезе и Сампдорија, а дресот на Спортинг го носи од 2017 година.