Top Sport

Гвардиола го обожава Марко Верати

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, не е тажен по поразот во Париз, од ПСЖ, во Лигата на шампионите. Гвардиола бил задоволен како неговите играчи го одиграле натпреварот, не е задоволен од леснотијата со која ПСЖ ги постигнале головите.

Стрелци за ПСЖ, во поебдата 2:0, беа Идриса Геј и Лионел Меси. Аргентинецот го постигна првиот гол во дресот на ПСЖ.

„Голот на Меси е убав. Ако е тој среќен во Париз, среќен сум и јас. Сепак јас би го издвоил Марко Верати. Вљубен сум во него. Тој е фантастичен фудбалер. Низок е но на него секогаш може да се потпрете. Среќен сум што се рехаблитирал од повредата и што повторно игра“, рекол Гвардиола.

Манчестер сити, во наредната рунда ќе ги игра против Клуб Бриж. Претходно, во недела, Сити ќе го одигра дербито со Ливерпул.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');