Top Sport

Гвардиола го откри „муабетот“ со Зидан

Пеп Гвардиола откри за што зборувале со Зинедин Зидан откако фотографијата на двајцата фудбалски стручњаци во разговор по мечот Манчестер сити-Реал Мадрид, стана екстремно популарна на Интернет.

Сити во петокот навечер стигна до 2:1 победа над Мадрид за пласман во четврт-финалето, по 2:1 победата на гости во Шпанија во февруари.

„Му честитав за титулата од Ла лига. Секогаш сум велел дека освојувањето на една лига е најтешката задача бидејќи тоа е успех кој го градите 11 месеци. Зборувавме малку за нашите семејства и му посакав среќа. Тој ми беше еден од идолите кога бев фудбалер, и се сеќавам кога играв против него со шпанската репрезентација и беше многу тешко. Тој е човек кој ја претставува нашата професија како вистински пример“, вели Гвардиола.

Scroll to Top