Top Sport

Гвардиола го сака Кутињо во Манчестер сити

Ќе се најде ли клуб што ќе сака да го купи Фелипе Кутињо? Ова прашање ги мачи челниците на Барселона кои во јануари 2018 година на Ливерпул му платија 160 милиони евра за Бразилецот.

Фелипе Кутињо оваа сезона игра како позајмен фудбалер во Баррн Минхен, меѓутоа Баварците нема да го откупат неговиот договор за 120 милиони евра.

Се шпекулира дека Бразилецот ќе се врати во Премиер лигата, медиумите пренесуваат за наводните интереси на Челси, Тотенхем и Њукасл. „Мундо Депортиво“ денес објави дека уште еден клуб ќе се обидел да го обезбеди потписот на Кутињо.

Според овој извор Пеп Гвардиола сакал да го донесе овој фудбалер во Манчестер сити.

Наводно во Барселона би биле задоволни доколку од продажбата на Кутињо заработат 80 милиони евра. Клубот овие пари потоа би ги вложил во трансферот на Лаутаро Мартинез или Нејмар.

Scroll to Top