Top Sport

Уште еден играч на Загреб доаѓа во Скопје – Векиќ се договори со Вардар

Ракометниот клуб Вардар договори уште едно засилување од ПП Загреб. По Анте Гаџа црвено-црниот дрес од наредната сезона ќе го носи талентираниот десен бек Јосип Векиќ (22).

Векиќ доаѓа како засилување на позицијата десен бек на која нецели три сезони доминираше Даинис Кристопанс. Векиќ како и Кристопанс е невообичаено висок за ракометар. Младиот Хрват е висок 210 сантиметри.

Вардар на позицијата десен бек наредната сезона ќе има двајца млади и талентирани ракометари. Пред Векиќ договор со црвено-црните потпиша Томислав Јагуриновски.

Scroll to Top